Продолжуваат протестите пред Собранието и по усвојувањето на законот за употреба на јазиците. Десетици граѓани сè уште се наоѓаат пред законодавниот дом каде денеска во бурна атмосфера по вторпат беше изгласан законот за јазиците, без поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Со 64 гласа Законот го помина собранискиот филтер. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека законот е донесе неуставно, додека претседателот на Собранието, Талат Џафери тврди дека законот ја добил поддршката од мнозинството пратеници, по што Уставиот суд е на потег да оцени дали е во согласност со Уставот.