Неколку часа по изгласувањето на Законот за јазици во Собранието на Република Македонија на Фејсбук се појави петиција која што до корисниците на оваа социјална мрежа стигнуваше во порака испратена од “фан страна” на “Македонска ракометна репрезентација”. Оваа фан страна беше актуелна за време на одржувањето на Европското ракометно првенство во Хрватска, по тоа што во неколку наврати објави дека доделува гратис влезници за натпревари на македонската ракометна репрезентација.

На прв поглед се чини дека станува збор за официјална фан страна, но кога ќе ја отворите веб страната на Македонската ракометна федерација со клик на линкот до Фејсбук ни отвори друга фан страна многу поразлична од “наменската фан страница”.

Се поставува прашањето дали некои од партиите се користат со лажно креирани фан страни со цел да се манипулираат корисниците на социјалните мрежи во Македонија.

До 23 часот петицијата беше потпишана од околу 4.000 граѓани.