Уставот го обврзува Иванов да го потпише указот за донесување закон кој е по втор пат изгласан од Собранието. Во таа фаза тој веќе не се прашува дали е законот добар или не е. Тој има церемонијална задача да стави потпис на Указот. И тука завршува сета негова надлежност. Тоа можат да му го соопштат сите експерти со кои тој наводно се консултира.
Но, Иванов е веќе одамна во филмот дека тој и има мисија и некаво право да ја одбранел земјата од “тиранијата” на парламентарното мнозинство од политичката пристрасност на судството и од “предавствата” на премиерот Заев. Затоа потпишуваше амнестии, па не го даваше мандатот за состав на влада а сега нема да го потпишел и Законот кој по втор пат го изгласа Собранието.
Со тоа Иванов не само што го крши Уставот, туку станува актер во спроведување на некаква револуционерна правда, поттикнува немири и конфликти во земјата, го загрозува мирот и ја дестабилизира Македонија.
За вакво однесување тој мора кривично да одговара ако не веднаш тогаш по завршувањето на мандатот кога нема да биде потребно двотретинско мнозинство да му се суди за непочитување на уставот,за злоупитреба на неговата функција,за поттикнување на немири и политичко насилство во земјата.
Ваков претседател на држава со задоволство би го ставиле на својот платен список сите непријатели на Македонија.
Проф. Ѓорѓи Спасов