Филмот „Исцелител“ ќе биде прикажан на 9-тиот меѓународен филмски фестивал во Рим, „Франкофилм“. По италијанската премиера на фестивалот во Бергамо пред неколку дена ова е втор фестивал во Италија на кој ќе се прикаже „Исцелител“.
На „Франкофилм“ оваа година се прикажуваат и добитникот на награда во Локарно, бугарскиот „Слава“, добитникот на сребрена мечка на берлинскиот филмски фестивал, романскиот „Ana Mon Amour“ и други.
Прикажувањето на „Исцелител“ е на 17-ти март.