Младата музичка звезда Миа Мустава заплака на сцената на “Пинковите ѕвездички” додека ја пееше “Полско цвеќе”.
Миа на жирито им појасни дека и се случило нешто што му се случува и на најголемите музички звезди, го заборавила текстот. По неколку секунди таа го продолжи својот настап и ја отпеа песната до крај.
“Јао бре дете, помислив дека нешто ти се случило, не мораш ни да пееш, ќе добиеш секако петка”, прокоментира Милан Станковиќ.
По советите од жири комицијата како да се снајде во момент кога изведувачот го заборавил текстот, дојде време Миа да ја испее втората песна. Таа ја избра “You know I’m no good” од Ејми Вајнтхаус а на сцената имаше и поддршка од танчерки.
Погледнете го и вториот настап на Миа Мутафа.