Актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин обезбеди уште една убедлива победа на руските претседателски избори, според првични резултати објавено од руската изборна комисија.
Путин води со 72 отсто од гласовите на 25 отсто преброени гласови. Втор по бројот на освоени гласови е Павел Грудинин од Комунистичката партија со 15 отсто.
Првичните резултати се поклопуваат со излезните анкети на рускиот Центар за јавно мислење (VTsiOM). Според Центарот, Путин добил 73,9 отсто од гласовите, според податоци од 1.200 избирачки места во Русија.
На второ место е кандидатот на комунистите Павел Грундин со 11,2 отсто гласови.
Центарот наведува во соопштение дека преку 37 отсто од оние кои гласале одбиле да кажат за кого го дале гласот.
Ова ќе биде четврт претседателски мандат за Владимир Путин, откако прв пат беше избран за претседател во 2000 година. Тој тогаш отслужи два мандати по четири години, по што во 2008 година не учествуваше на изборите, поради уставното ограничување. Во тој период претседателскиот мандат беше зголемен од 4 на 6 години, па Путин се врати на чело на Русија во 2012, од кога му започна третиот мандат.