Бразилецот Нејмар ова лето направи вистински бум на трансфер пазрот со преминување од Барселона во Пари Сен Жермен за сума од 222 милиони евра, но поранешниот претседател на Каталонците смета дека тука не е крајот на трансферите на Нејмар.
Според, Жоан Лапорта ПСЖ е само попатна станица за Нејмар кој според него ќе направи трансфер во редовите на Реал Мадрид.
„Пари Сен Жермен веројатно е само отскочна даска на Нејмар пред трансферот во Реал Мадрид, јас сметам така, но времето ќе покаже дали сум во право. Навистина ми е жал што во овие моменти е повреден, без него на ПСЖ ќе му биде многу тешко во реваншот против Реал“, изјави Лапорта.