Баерн Минхен нема намера да преговара за цена под 100 милиони евра за напаѓачот Роберт Левандовски, пишува во денешното издание „Кикер“.
Полскиот стрелец го бараат и Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но има договор до летото 2021 година.
Според минхенското издание „Меркур“ пак, претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, споделил пред Карл-Хајнц Румениге дека не зборувал со претставниците на Левандовски.
Во август, напаѓачот на Баварците ќе наполни 30 години. За 121 натпревар во Бундеслигата, тој има 100 голови и 22 асистенции.