Голем интерес за голманот на Баер Леверкузен и германската репрезентација Бернд Лено покажуваат премиерлигашот Арсенал и калчолигашот Наполи.
Арсенал, кој бара замена за Петр Чех, е подготвен за Лено да плати околу 30 милиони евра, пренесуваат англиските објавија некои англиски медиуми.
Од друга страна, Наполи на крајот на сезоната ќе остане без првиот голман Пепе Реина и е во потрага по нов чувар на мрежата.
Во трката по потписот на Лено може да се вклучи и Ливерпул.
Германецот претходно објави дека трансфер во голем клуб ќе му помогне да си ги зголеми шансите во борбата за главното место во репрезентацијата.
Сегашниот договор на Лено со Баер истекува во 2020 година. Тој за „фармацевтите“ досега има одиграно 227 натпревари.