Општина Гази Баба конечно доби нова локална власт којашто работи одговорно,домаќински, транспарентно и ги решава наследените проблеми од штетното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, изјави, Мартин Ристов советник од редовите на СДСМ во општина Гази Баба.
Негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните на Гази Баба го покажува и овој пример зад нас.
Додека граѓаните на општина Гази Баба се сочуваа со недостиг на вода, на канализациски системи и основни услови за живот, претходната локална и градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потроши повеќе од 1 милион евра за изградба на овој коњаник и фонтана на овој плоштад во Автокоманда.
Додека граѓаните на Гази Баба газеа по неасфалитирани и неосветлени улици, Тони Трајковски и Коцее Трајановски потрошиле повеќе од 830 илјади евра за првичната изградба на овој коњаник и фонтана. Но, расипничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ не застанало тука. Од парите на граѓаните дополнително биле потрошени повеќе од 200 илјади евра за рушење на коњаникот и фонтаната и изградба на нови.
Ова е само еден од многуте примери кои го покажуваат расипничкиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон парите на граѓаните.
За само неколку месеци, локалната власт во Гази Баба предводена од СДСМ и градоначалникот Георгиевски започна со трајно решавање на проблемите на граѓаните.
Во целост се завршени активностите за изградба на водоводната мрежа во високата зона во населеното место Раштак, започна процесот за изградба на вакуумска канализациона мрежа и систем во населеното место Јурумлери, улицата 28 во Сингелиќ доби фекална и атмосферска канализација и истата е тампонирана и подготвена за асфатлирање. Во периодот зад нас интензивно се работеше на целосно чистење на општината.
Почитувани, локалната власт предводена од СДСМ продолжува да работи исклучиво во интерес на граѓаните. Се обврзавме дека клучните инфраструктурни проекти ќе бидат наш приоритет и дека граѓаните на Гази Баба ќе живеат во една модерна, напредна и европска општина.