Основачот на Етерум има 24 години и половина милијарда долари

4

Магазинот Форбс објави список на најбогатите луѓе кои се занимаваат со криптовалути, а најмладиот на листата е 24-годипниот Виталик Бутерин, кој на само 19 години ја создал валутата етерум, чија нета вредност денес се проценува на 400-500 милиони долари.

Бутерин стана ѕвезда во светот на криптовалутите и пред за него да пишува Форбс, а на Твитер го следат повеќе од 680 илјади луѓе.

Тој се најде на листата „40 под 40“ на „Fortune.com“, каде што за него пишуваше дека е млад гениј кој стои зад најпопуларната криптовалута на светот.

Роден е во Москва во 1994 година, а кога имал само шест години со семејството се преселил во Канада, каде што се школувал.

Во 2011 година обидувајќи се да ја пронајде смислата на животот, како што тој пишува на неговиот веб сајт, го открил Биткоинот и веднаш се заинтересирал. Во 2012 година освоил бронзен медал на Меѓународната олимпијада по информатика, а математиката отсекогаш му била посилна страна.

За криптовалути почнал да учи од неговиот татко, а 2012 година се откажал од факултетот, кој го запишал истата година, бидејќи премногу време трошел на алтернативните валути. Остатокот од годината го поминал шетајќи низ светот, разговарајќи со експерти за криптовалутите.

Откако се вратил во Торонто започнал со развојот на етерум.