Оваа зима западниот свет беше зафатен од снежни врнежи и студ, што доведе до пораст на бројот на сообраќајните несреќи.
Полицијата од Ајова објави видео од несреќа во која што учествуваа помеѓу 50 и 70 автомобили, автобуси и камиони. Во оваа несреќа загина едно лице, додека пет други беа повредени.
Несреќата се случи во централниот дел на Ајова, а загина Дана Истер, возач на автобусот.
Автомобилите поради неприлагодената брзина на условите на патот не можеа да запрат и создадоа вистински карамбол.