Од Центарот наведуваат дека лицата со Даунов синдром може да бидат работоспособни, да имаат вработување, сами да се издржуваат, да живеат самостојно, пренесува МИА.
„Овие лица живеат во нашиот свет, да го смениме нивниот живот од раѓањето, па натаму, за да бидеме во ситуација која ќе бидат возрасни единки да бидат веќе изградени личности кои конструктивно и целосно ќе може да придонесат во општеството. Многу важно е да се потрудиме системски заеднички да понудиме поквалитетен живот на овие лица“, истакна претседателот на Центарот за Даунов синдром Ида Мантон.
Претставникот на УНИЦЕФ, Бертран Демулен во порака по повод Светскиот ден на Даунов синдром наведува дека лицата со пречки во развојот треба да бидат прифатени како рамноправни учесници во општеството кои се способни да ги бараат своите права, способни да живеат осмислен живот и да придонесат кон градење инклузивно и одржливо општество.
Дауновиот синдром е хромозомопатија која се јавува на 21 хромозом и кај лицата со оваа болест наместо два има три хромозоми. Од Центарот за Даунов синдром се вклучуваат во светската мапа на голема кампања по повод Светскиот ден на дауновиот синдром, која во сите земји е различна, но годинава заеднички чинител е носењето шарени чорапи.
Во Кинотеката на Македонија денеска во 17 часот ќе биде отворена фотографска изложба и три документарни филмови на американски асоцијации, здруженија на даунов синдром.