Повеќе од три месеци по последната прес-конференција, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Специјалното јавно обвинителство (СЈО), денеска во 12 часот ќе одржи прес-конференција.
На прес-конференцијата на 19 декември минатата година, СЈО отвори седум нови истраги против 17 лица осомничени за злоупотреба на службената должност измами и други кривични дела. Станува збор за случаите „Странски служби“, „Друмарина“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Тарифа 2“, „Транспортер 2“, како и истрагата за случајот „Талир“ за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, што беше отворена во мај, која не го фати рокот од 18 месеци за подигање на обвиненија.
Пред една седмица СЈО го објави шестиот извештај за работењето, во кој обзнани дека преслушале над 500.000 снимки на прислушувани разговори, односно 85 отсто од вкупниот број.