Европската фудбалска федерација (УЕФА) отвори случај против рускиот клуб Зенит за однесувањето на неговите навивачи на средбата со Лајпциг во Лига Европа.

Случајот е отворен поради фрлање предмети на теренот, на трибините, блокирање на скалите на трибините, како и расизам на трибините од страна на навивачите на рускиот клуб.

Натпреварот се одигра на 15 март во Санкт Петербург и заврши нерешено 1:1, по што со вкупни 3:2 Лајпциг се пласира во четвртфиналето.

УЕФА за евентуална санкција за Зенит ќе одлучува на состанок закажан за 31 мај.