Женската ракометна репрезентација на Македонија го забележа првиот триумф во квалификациите за пласман на ЕП 2018 во Франција, откако ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 22:15 (7:7).
Одличното второ полувреме им донесе триумф на „црвено-жолтите“, откако во последната четвртина од мечот ја направија решавачката предност.
Најпрецизна во нашиот состав беше Ристовска со 8 погодоци, додека Бајрамовска и Керамичиева постигнаа по четири.
Втората средба ќе се игра во СРЦ „Кале” на 25 март со почеток во 19 часот.
Во другиот денешен натпревар од оваа квалификациска група, Србија на домашен терен ја победи Шведска со 30-23 и се издвоија на лидерската позиција на табелата.