Стадионот во Самара продолжува да им прави проблеми на организаторите на Светското првенство во Русија. Градежните работи на стадинот се уште траат.
Градењето на Космос Арена веќе неколку пати беше прекинато поради што дојде до доцнење, поради што ФИФА е загрижена дека стадионот нема да биде готов до почетокот на Светското првенство.
– Загрижени сме поради доцнењето на работата, бидејќи има уште многу работа, а роковите одамна се пробиени. Потребно е многу работа за да се стигне на време, изјави Колин Смит од ФИФА.
Проблем ќе настане доколку ФИФА не успее на време да ја постави целата опрема и да го тестира стадионот. Ситуацијата ја смирува Алексеј Сорокин, извршен директор на организацискиот одбор.
– До крајот на парил се ќе биде готово и подготвено за тестирање, рече Сорокин.
На Космос Арена треба да се играат шест натпревари од Светското првенство кое што во јуни и јули ќе се игра во Русија. Изградбата на стадионот чини околу 320 милиони долари, а на неговити трибини ќе собира 44,918 гледачи.