Буџетската комисија на германскиот Парламент даде одобрение за доделување четврта транша од 6,7 милијарди евра за економска помош за Грција, објавија грчки медиуми.
Против таа транша биле од Алтернатива за Германија и Либералите.
Германското Министерство за финансии ја известило комисијата дека европските институции констатирале дека Грција реализирала 110 барања од мерките за реформи и дека поради таа причина, Владата во Берлин е согласна за деблокирање на следната транша.