Дваесет и двегодишно момче почина по пад од зграда во скопската населба Аеродром.
Несреќата се случила утрово на улица Бојмија, во близина на Железничката станица. Според првичните информации, момчето паднало од прозорец од шести кат.
Полицијата врши увид на местото на настанот. Засега не се познати причините за несреќата.