Штипјанецот Ангеле Зафировски, познат како Бате Геле утрово облечен со маичката на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, чекаше надвор пред судот, каде денеска беше одложено рочиштето за предметот „Тортура“ бидејќи не се појавија првообвинетиот Мијалков и неговиот адвокат, Антонио Апостолски.
Инаку, Бате Геле е осуден на условна казна за упадот во Собранието на 27 април. Тој доби и забрана за учество на протести.
Бате Геле на своето тело ги има тетовирано ликовите на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, и на син му Јордан затоа што, како што има кажано во изјава за медиумите, Мијалкови пред неколку години му го спасиле животот, а пред тоа многу му помогнале кога престојувал во Чешка и во САД.