Судот го одложи денешното судење за предметот „Тортура” бидејќи не се појавија првообвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков и неговиот адвокат Антонио Апостолски. Судијката рече дека до судот не стигнала повратница дека добил уредна достава.
Адвокатот Љупчо Шврговски рече дека ќе достави поднесок до судот за точната адреса на која живее Мијалков.
Во „Тортура” обинети се и поранешниот прв човек на единицата „Алфа”, Ивица Антевски – Пуки, и уште петмина полициски „алфи“ за апсењето на Бошковски. „Тортура“ се однесува на начинот на кој бил уапсен лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по одржувањето на предвремените парламентарни избори. Судењето го води судијката Александра Ристеска.
Следнoтo рочиштe е закажано за 7 мај.