Дарко Станиќ како и секогаш така и овој пат е искрен кога станува збор за неговата кариера, како и дел од грешките кои ги има направено во годините наназад. Голманот во пензија во интервју за „Ало.рс“ открива детали околу неговиот трансфер, како и лошиот период кога беше суспендиран поради користење на кокаин.
„Немам проблем да зборувам за било што. Тоа е дел од мојот живот. Нема човек кој е совршен и кој не направил грешка. Важно е да учиме од грешките. Како јавна личност таа грешка ми падна тешко. Одговорноста е многу голема. Но за мене тоа беше уште еден предизвик. Искрено на ваков тежок пример сакав прво себе, а потоа на останатите да им покажам дека и од најтешките ситуации можеме да излеземе како победници, да продолжиме со животот и да бидеме уште подобри луѓе“, вели Станиќ.
Искусниот голман потврди дека трансферот во Вардар била завршена работа, од преселбата во Скопје го делел само потпис, но во последен момент добил понуда од српското Министерство за млади и спорт.
„Имав одлична понуда од Вардар, трансферот беше речиси готова работа, но проценив дека не можам да играм како претходно, да бидам оној вистинскиот. Не можев тоа да си го дозволам, да заминам некаде и да не бидам најдобрата верзија од себе. Не поради другите или поради трофеите, туку поради мене самиот”, вели Дарко Станиќ.
Целото интервју може да го прочитате на АЛО