Британецот Дени Келхер последните 25 години секој ден јаде во МекДоналдс. Неговиот дневен оброк се состои од МекЧикен сендвич, помфрит, девет пилшки нугети и Кока Кола. Оваа комбинација не ја менува веќе 11 години.
„Зависен сум од Мекдоналдс како од дрога“, вели Дени кој поради тоа ги изгубил и пријателите бидејќи никој не сака секој ден да оди во МекДоналдс со него.
„Ако имам девојка, ќе мора да работи таму“,вели тој.
Неговата зависност почнала кога имал само пет години и одбивал да јади било што друго. Докторите тогаш му допуштиле за да јаде нешто, бидејќи требало да гладува.
Моментално има 29 години и се уште одбива да јади во други ресторани, тврдејќи дека тоа другата храна е зло.
„Пред две години имав сепса, а докторите претпоставуваа дека е тоа поради мојата исхрана. Кога му кажав што јадам, тие се чудеа како може да сум се уште жив“.