Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека обвинението против него од СЈО во врска со прекинот на пописот во 2011 година е на погрешна адреса. Според него, одлуката за прекинување на пописот во 2011 година ја донело Собранието.

– Тоа е одлука на Собранието на Република Македонија, а јас сум погрешна адреса – рече Ахмети.

СЈО во случајот „Попис“ ги сомничи Ахмети и неговиот тогашен коалициски партнер Никола Груевски дека ја злоупотребиле својата службен положба и како претседатели на партии и коалициски партнери се согласиле да се прекине пописот на населението во 2011 година.