Да нема гувернер!
Имајќи ја во предвид непремостливата деструктивна константа во овој процес со име Ѓорѓе Иванов, најдобро решение е да нема гувернер во наредните неколку месеци, додека не се избере нов претседател на државата на фер и демократски избори.
Отсуството на гувернер нема да се почувствува никаде. Впрочем, затоа и законодавецот пропишал неколку вицегувернери кои во наредните неколку месеци остануваат во полн капацитет.
Што се однесува до супервизорската функција, во последниот период најголем број од банките си ги спроведуваат сите свои бизнис замисли скоро и како да нема гувернер. Исклучок се некoлкуте помали субјекти кои не се по неговиот бизнис или политички вкус, така да и оваа функција може безпрекорно да ја извршуваат вицегувернерите.
Идната година граѓаните на Македонија ќе изберат нов претседател. Доколку сега се избере гувернер со мандат од седум години, на новиот претседател избран на фер и демократски избори ќе му биде оневозможено правото да предложи гувернер. На Македонија во овој момент најмалку и се потребни екскурзии на економско-финансиски план. Доволно штета досега направи Ѓорге Иванов, аболиции на криминалци, незаконското недавање на мандатот за формирање влада, опструкциите во евроатлантските интеграции….. Нова темпирана бомба не смее да му се дозволи да постави, штетите ќе бидат големи!