Фејсбук можеби го следи секој ваш потег на интернет, кога сте он-лајн, дури и ако никогаш не сте биле корисник на нивната социјална платформа.

„Незадоволни“ само од следењето на сопствените корисници, од Фејсбук создаваат тајни документи во кои се забележани активностите на интернет на милијарди корисници, пишува Daily Mail.

1,4 МИЛИЈАРДИ СЕКОЈДНЕВНИ КОРИСНИЦИ

Компанијата од Цукерберг тврди дека тие податоци ги користат за насочени и фокусирани огласи и содржини базирани на нашите преференци, како и за безбедносни цели. Лицата кои имаат Фејсбук профили ќе можат да си симнат копија од својот документ, но приватноста на корисникот која ја следат трети страни моментално е помалку транспарентна.

Фејсбук користи податоци собрани од 1,4 милијарди секојдневни активни корисници на интернет ширум цел свет, како основа за алгоритмите кои ги поврзуваат огласите и другите материјали со он-лајн профилот на лицето. Можат да приберат податоци за секој елемент од вашиот дигитален идентитет на мрежата, од историја на користење на пребарувачот и четот, до фотографии кои сте ги објавиле и испратиле преку серверот.

Фејсбук користи и plug-in и „колачиња“ на социјалните медиуми. Станува збор за систем за следење со кој се набљудуваат активностите на корисниците на интернет, со цел да се соберат податоци за лицата преку веб страници од трета страна. Секој пат кога „лајкувате“ или споделувате Фејсбук содржина, или одите на страница со Фејсбук огласи, вие сте набљудувани, дури и ако не сте корисник на таа социјална мрежа. Дури и ако никогаш не сте го отвориле Фејсбук и не сте „стапнале“ на нивната мрежа, тие и понатаму се во можност да ги следат вашите навики при сурфање на интернет без да знаете вие.

„ПИКСЕЛИТЕ“ ГИ СЛЕДАТ СИТЕ

Повеќе од 10.000 веб страници користат невидливи трагачи, наречени „Пиксели“, кои снимаат сè за нивните посетители. Тоа вклучува и податоци од оперативниот систем кој го користите до вашата IP адреса и активностите на интернет. Сето тоа му се дава на увид на Фејсбук, од тоа каде се наоѓате, кој е ваш давател на услуги, видови на страници кои обожавате да ги посетувате и колку време поминувате на нив.

Ник Вигам, репортер за New Zealand Herald, одлучи да тестира што Фејсбук знае за него, а резултатите го изненадија. Уште во 2010 година Фејсбук била првата социјална мрежа која на корисниците им пружила можност да симнуваат документи од нивната лична историја на интернет. Меѓу информациите била и мобилна снимки од старо VHS видео на кое мајка му го гушка пред одење во градинка. Наишол и на скенирани копии од својот станарски договор, сметки за домашен интернет и скриншотови од банкарски трансакции, како и некои банални четови и друга интернет историја.

КАКО ДА ПРОВЕРИТЕ ШТО ЗНАЕ ЦУКЕРБЕРГ ЗА ВАС

За да го процесирате вашиот личен дигитален отисок на Фејсбук, кликнете на горното десно мени кое се спушта, кликнете на „поставки“ (settings), а потоа на „Преземање копија од вашите податоци“ (Download a copy of your data file). Ќе мора одново да ја внесете лозинката, а потоа започнува симнувањето.

Поради сè поголемите негодувања во јавноста во врска со грижата за приватноста, Фејсбук понуди поголема транспарентност за она кое го знае, посебно затоа што поради тоа компанијата веќе имаше и законски проблеми. Во феруари белгискиот суд нареди Фејсбук да престане да ги следи интернет корисниците во таа земја кои немаат корисничка сметка на нивната платформа. Во спротивно ќе ги стигне парична казна од 250.000 за ден.

„Ова е голема победа за корисниците на интернет кои не сакаат IT компаниите да го следат секој нивни чекор“, изјави портпаролот на Европската потрошувачка организација, Јоханес Клеис.