Министерот за здравство Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумовски денеска ќе имаат средба со граѓанската организација „Лил“ која ја покрена иницијативата за ослободување од плаќање на здравствена партиципација за децата од семејства-корисници на социјална парична помош.
Инаку, вчера на владина седница на предлог на Министерството за труд и социјална политика и на Министерството за здравство, разгледана и усвоиена е Информацијата за ослободување од учество (партиципација) при користење здравствени услуги на лицата до 18 години возраст, чии семејства се корисници на правото на социјална парична помош.