PhoneKid е нова иновација во светот на паметните телефони чиј прототип шпанската компанија „Escudo Web “ го промовираше на Мобилниот конгрес во Барселона.
Главна карактеристика на PhoneKid е инсталираниот софтвер. Тој претставува специјално модифицирана верзија на „Андроид“ која им овозможува на родителите строго да го контролираат однесувањето на нивните деца. Тие можат од далечина да користат апликација за активирање на различни режими на „PhoneKid“, па дури и да го променат главниот екран и да постават на него инструкции за детето.
Другите карактеристики се дека телефонот никогаш не може да биде исклучен, а истото важи и за GPS позиционирањето. Децата, исто така, имаат посебно СОС копче за да им помогнат брзо да ги предупредат своите родители во критична ситуација.
Во моментов, „Escudo Web “ се уште бара хардверски партнер за својот проект, па „PhoneKid“ се уште е само проект кој може и никогаш да не се реализира во ваков вид.