asd

Димовски: Стабилизацијата на Балканот зависи од евро-атланските интеграции на Македонија

4

Германија и Франција во континуитет ѝ даваат подрршка на Македонија во евро-атлантската интеграција. Во 2018 година сведоци сме дека евро-атланскиот регион е соочен со заеднички предизвици и можности. Европа има потреба од заедништво и стабилност на Балканот, рече државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски.

-Најдобриот начин да се задржи стабилноста во Македонија и регионот е забрзување на евро-атлантските процеси, претстојниот период ќе биде клучен за тоа. Очекуваме и веруваме дека иднината на Република Македонија е во НАТО и ЕУ и е навистина остварлива. Уверени сме дека тоа е од интерес не само за граѓаните на Македонија, кои преку 70 отсто се цврсто определени за евро-атланските интеграции, туку е од интерес и за целиот регион, вели Димовски.

Според државниот секретар на МНР, позитивните пораки од претставниците на ЕУ и НАТО кои ја посетија Македонија претставуваат поттик за реално остварување на европските и евро-атлански инспирации. Уште поголем поттик, вели тој, е извештајот на Европската комисија со кој се потврдуваат постигнувањата на новата реформска влада за изградба на правна држава и создавање услови за демократски развој.

-Могерини изјави дека за кратко време постигнавме многу, европскиот комесар Јоханес Хан истана дека Македонија е пример за демократски промени и дополнително на ова Европската комисија ни даде неусловена, чиста препорака Македонија да ги почне преговорите за влез во ЕУ. Македонија е на добар пат, рече Димовски додавајќи дека Владата на РМ за нецела година од заробена држава Македонија ја трансформира во земја со можности.

Димовски потсети дека деновиве се навршува 1 година од 27 април, што според него е пресвртна точка на политичката криза па поради тоа од денешна перспектива Македонија е позрела и посилна и е на пат да стане суштински дел од Европа, а не само географски.

-Повеќе од 2 децени Македонија и НАТО се блиски партнери, градиме заеднички односи и интереси. Македонската Влада е цврсто определена да продолжи на овој пат, доказ за тоа е зголеменото учеството на Македонија за дополнителни 20 отсто во операциите на НАТО во Авганистан, вели Димовски.

Тој истакна дека минатиот месец Владата ја усвои националната стратегија за безбедност и антитероризам која е во согласност со препораките на НАТО, а и ги подобрува односите со соседните земји, што е исто така препорака од евро-атланските сојузници.

– Со Грција имаме почети контакти и со комуникација вложуваме напори да внесеме нова динамика во решавањето на проблемите околу името. Исто така, договорот со Бугарија остави позитивен впечаток кај европските држави, рече Димовски.