asd

„Ксиаоми“ гледа кон Европа со смартфонот „Берлин“

58

 

„Ксиаоми“ компанијата која е во Топ 5 на светскиот пазар по продажби на смартфони, подготвува нов модел со со име „Берлин“.

Кинескиот производител во моментов развива најмалку десет нови паметни телефони, вклучвајќи и „Берлин“, податоци за кој се појавија на Интернет во последниве денови. Се тврди дека „Ксиаоми“ веќе има прототип на уредот.

„Ксиаоми Берлин“ ќе работи на процесор „Снапдрагон 632“, кој се уште не е претставен официјално од развивачот „Куалком“. Во бенчмарк сајтот „ГикБенч“ се споменува уште дека новиот смартфон има 3ГБ РАМ меморија и работи под управување на оперативниот систем Андроид 7.1.2 Нугат, со корпоративниот кориснички интерфејс MИУИ 9.

Според првичните информации, „Ксиаоми Берлин“ ќе биде достапен смртфон, во однос на неговата цена. Се очекува моделот да го видиме ова лето. Очекуваме повеќе детали во следниов период.