asd

МЗШВ: Не се забранува употребата на кирилично писмо

71

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, не го забранува користењето на кириличното писмо во институцијата.

Секој документ, допис и информација се изготвува и доставува на потпис на кирилично писмо. МЗШВ ги демантира написите во одредени медиуми дека се забранува документите што ќе се носат на потпис кај државниот секретар Нефрус Челику, да бидат на кирилично писмо.

Впрочем , доказ за тоа е е-мејлот доставен од страна на кабинетот на државниот секретар кој што е на кирилично писмо. Единствено името на државниот секретар е на латично писмо, што е пракса и во другите министерства. Целата комуникација во МЗШВ што подразбира документи, информации и други материјали се и ќе се изготвува на кирилично писмо.