asd

Професорката Ана Павлова-Данева избрана за судија на Уставниот суд

4

Таа беше избрана со 65 гласа „за“, 26 „против“ и немаше воздржани.

По гласањето таа ја кажа и потпиша свечената изјава дека функцијата ќе ја извршува одговорно и со почитување на законите и Уставот.

Против неа гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ја оспоруваат нејзината стручност и сметаат дека со нејзиниот избор ќе се партизира Уставниот суд затоа што Павловска-Данева била и истакнат партиски функционер.

Прашаа дали ќе биде независна од влијанието на СДСМ како некогашен пратеник и потпретседател на таа партија и дали како уставен судија ќе работи согласно Уставот и правдата или ќе биде послушник на власта.