asd

Шеќеринска: Македонија е подготвена за влез во НАТО

36

Морам да го поздравам отпорот на Mакедонија кон злонамерното руско влијание на Балканот и вашиот пример за континуирано лидерство во регионот.

Ова, според објавата на Американската амбасада во Македонија на нејзиниот официјален профил на Твитер, ѝ го рекол американскиот државен секретар за одбрана Џејмс Матис на министерката Радмила Шекеринска, за време на нивната средба во Пентагон.

Претходно, од македонското министерство за одбрана информираа дека на средбата Матис порачал и дека „САД ги ценат чекорите кои Македонија ги презема кон НАТО и не сакаат да ја видат државата запрена пред вратите на Алијансата“. Ова е прва средба на министри за одбрана на Македонија и Соединетите американски држави по 6 години, а на два месеци пред самитот на Алијансата во јули.

Министерката Шеќеринска денеска ја завршува официјалната посета на САД со средба со Вилијам Беркли, директор за европски прашања во Националниот совет за безбедност при Белата куќа, а во Стејт Департментот претходно се сретна и со Тина Кајданоу, помошник секретар за политички и воени работи.

Според соопштението на македоноското министерство за одбрана, директорот за европски прашања на САД, Беркли рекол дека во Белата куќа внимателно се следи развојот на настаните во Македонија. Тој потенцирал дека Македонија има сојузници во Белата куќа, способноста на Владата да испорача реформи и да ги решава проблемите со преговори ја нарече голем аргумент за успехот на земјата, и потврди дека успехот на Македонија да добие покана за членство во НАТO ќе биде пример кој ќе влијае на развојот на настаните и во другите земји од регионот.