Големо благодарам до дечкото со големо срце МЕЈДИ

18260

До редакцијата на Револуционер пристигна писмо со благодарност за извесен Мејди, во продолжение писмото го пренесуваме интегрално:

” Здраво незнам дали би оваа моја благодарност ќе биде интересна за објава на вашиот портал, но секако доколку се објави јас и мојата фамилија ќе ви бидеме благодарни.

Имено во месец септември бевме на викенд во Грција, на враќање имавме проблем со возилото во близина на некоја од патарините. Стопиравме еден час возила со цел да ни помогнат да најдеме шлеп служба или мајстор, дополнителен проблем проблем беше и нервозата на нашата две годишна ќерка. Во еден момент  застана бело кабриолет возило мислам дека беше марка БМВ. Од возилото слезе млад дечко кој не праша дали имаме некој проблем и како може да ни помогне, со сопругата се погледнавме и ни беше јасно дека тоа е нашиот спасител.

Му кажавме на дечкото дека има некаков проблем, не пали возилото кое ни изгасна во возење и потоа од верглање се испразни акумулаторот.

Дечкото се претстави дека се вика Мејди и дека ќе помогне се што може, се јави најпрво во шлеп служба, и возилото го однесовме во некој од сервисите во Скопје но бидеќи во Македонија тоа беше неработен ден требаше да останеме до следниот ден, што за нас претставуваше нов проблем поради тоа што незнаевме колку пари ќе не чини поправката на возилото, а во нас немавме понесено многу средства.

Мејди се насмевна и кажа дека ќе бидеме негови гости. Не однесе во еден од скопските хотели собата ја зема на негово име и ни кажа да се раскомотиме да се одмориме во 19 часот ќе дојде да не види повторно.

Во 19:15 тропна на вратата ни кажа да се спремаме да одиме на вечера(иако подоцна свативме дека нашиот престој бил со вклучена вечера и доручек) , бевме во преубавиот “Скопски мерак”. Со сопругата неколку пати се прашавме дали ова што се случува е сон, а Мејди се смееше и ќе кажеше денес ви помагам јас утре вие помогнете на некој друг.

После вечерата бевме, на плоштадот на прошетка и поради заморот кој не наваса од претходниот ден му кажавме на Мејди дека сакаме да се одмориме по што не однесе до хотелот ни посака пријатна вечер и ни кажа дека околу 12 часот ќе дојде по мене да ме земе за да одиме по нашиот автомобил.

Следниот ден доручкувавме и излеговме да прошетаме, оставивме број на рецепција во случај да дојде Мејди да не побараат за да се вратиме. Околу 12 :30 бевме во хотелот, кога се појавивме рецепционерката ни кажа дека не побарал некој дечко и оставил нешто за нас. Во плик беше оставен клучот од направеното возило и кратка порака дека возилото е на паркинг.

Сеуште имало луѓе, сеуште постоело човечанство.

Целта на ова наше пишување е тоа што сакаме јавно да се заблагодариме до Мејди, а од вашите читатели да побараме помош да го најдеме Мејди, ако добро се сеќавам живее во Синѓелиќ во околината на Скопје, се што имаме од него е фотографија која што ја направив додека бараше хотел во некој скопско локал.

novakjovanovik69@gmail.com е мој емаил, замолувам секој кој има било каква информација за контакт од Мејди да не контактира. ”