Европската комисија подготвува правна постапка против производителот на вакцини АстраЗенека, објави во средата „Политико“, повикувајќи се на пет неименувани дипломати на Европската унија.
На состанокот на амбасадорите во средата, повеќето земји од ЕУ изјавиле дека ќе ја поддржат тужбата против компанијата во врска со жалбите дека не ги доставила ветените вакцини.
Целта на правната постапка е АстраЗенека да биде обврзана да ги осигура дозите утврдени со договорот со ЕУ, се наведува во објавата што ја пренесе и Ројтерс.