Италијанскиот тренер Роберто Манчини призна дека за него би било исклучителна чест да го предводи националниот тим на својата земја.
Во моментов италијанската фудбалска репрезентација е без постојан селектор по неуспехот да се пласира на Мундијалот 2018.
Манчини, кој е на чело на рускиот Зенит Санкт Петербург, е едно од најчесто споменува имиња за можен селектор.
– Кога си во странство секогаш чувствуваш носталгија по татковината. Ја следам Италија и се сеќавам прекрасните емоции од 70-тите и 80-тите години. Никогаш не знаеш што ќе ти поднесе животот. За мене би била исклучителна чест можноста да бидам селектор еден ден. Но, сега сум на работа во Зенит и ќе се потрудам да освоиме некој трофеј, изјави Манчини.