Да им се заблагодариме на колегите од Урбани и Месни заедници на Општина Кисела Вода кои со огромни залагања и посветеност ги средуваат последиците од невремето.

Овие екипи составени од наши сограѓани Во тек на последниве 48 часа успеаја да ги ослободат коловозите од оштетени и паднати и скршени дрва. Дополнително ги исчистија од снег пешачките патеки и тротоарите на најкритичните места на скалила и нагорници и на местата со поголема фрекфенција.

И покрај тоа што веќе имаме целосен список на паднати дрва сепак доколку сеуште има некое дрво кое е оштетено и дополнително паднало Ве молам да ги известите за точната локација.

Во исто време Ве информираме дека сме во комуникација и координација со екипите на ЕВН кои исто така се соочуваат зголемен број на интервенции и работат и прекувремено за да ги поправат штетите и да го воспостават системот за снабдување со електрична енергија.

Во нивно име Ве замолуваме на зголемено внимание, да не ги допирате паднатите кабли и бандери и да се заштитите од можен струен удар или повреди.

Ви благодарам на сите за соработката и поддршката, а јас сум задоволен дека сите служби функционираат согласно најновиот план за кризни ситуации и претходно утврдените задачи и поделени обврски ги обавуваат со голем елан и ентузијазам.