Во текот на вчерашниот ден на порталите Лидер и Курир во текст со наслов “Уште еден од СДСМ уапсен со дрога-приведен на патарината кај Велес” беше споменато моето име, Александар Калпакоски, името Ани Петејчук, и Емилија Велкоска (која што лично не ја познавам) по однос на апсењето на лице кое што беше споменато како престапник на законот (дали, колку и што ќе си утврдат институциите).
Најодговорно тврдам дека станува збор за тенденциозна вест.
Луѓето во Прилеп ме познаваат како човек кој чесно го заработува лебот во изминатите години, нема патник кој не влегол во моето возило, се занимавам со превоз на патници.
Точно е дека и во вчерашниот ден бев во СВР Велес, каде дадов изјава по што бев пуштен на слобода, јас не сум полиција да ги претресува патниците кога влегуваат во возилото, нит па им ја знам намерата, моја обврска е брзо и навремено да пристигне патникот на посакуваната дестинација, останатите споменати во текстот нит беа на настанот нити имаат било каква поврзаност со мене или настанот.
Од гореспоменатите интернет портали барам да ми се извинат поради тенденциозната и неточна вест и да ја повлечат истата, во спротивно правдата ќе ја барам преку правните истанци во земјата.