Пушењето во австриските ресторани и кафулиња повторно ќе биде дозволено, одлучи денеска австрискиот Парламент, и покрај петицијата потпишана од над половина милион граѓани кои ја поддржуваат забраната.
– Се до денеска ниедна земја на светот не направила чекор наназад во заштитата на непушачите, смета опозициската пратеничка на социјалдемократите, Памела Ренди-Вагнер.
Меѓутоа десничарската Слободарска партија (ФПО) го постави укинувањето на забраната како услов за новиот коалициски договор при формирањето на новата Влада. Министерката за здравје од редовите ФПО, Беате Хартингер-Клајн, ја обвини опозицијата за дискриминација на пушачите.
Австриската лекарска комора и Здружението на заболени од рак на бели дробови собраа 543.000 потписи против одлуката.