„Регионална дебата за воспоставување на заштитени подрачја во сливот на река Брегалница“ во организација на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, ќе се одржи денеска во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип.
На дебатата ќе учествуваат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, како и повеќе градоначалници од Источно-планскиот регион.