Ајде заедно, прво да направиме уставни предуслови, а потоа природно ќе си дојде Албанец – премиер на Македонија! Или Турчин или Бошњак… ние и до сега сме имале Влав за премиер! И во Крушевската Република, според некои извори, премиерот Дину Вангели бил православен Албанец!?!
Што измисли Ахмети со ова, топла вода?!?
Еден ден, тој / таа нема да биде од редовите на ДУИ, туку од Македонски концепт, што всушност го најавив во интервју за Цивил Медија, објавено на 30.05.2020 год. Очигледно и Ахмети е за пензија, плагира идеи, исто како почитуваната Силјановска!
Има ли храброст Али Ахмети да прифати концепт на граѓанска држава, држава на индивидуалци, а не држава на повеќе народи, не држава на колективитети?!?
Има ли чест Али Ахмети да прифати систем на индивидуални права, однос граѓанин, поединец со Републиката, а не колективитет со државата? Да прифати укинување на секаков тип на позитивна дискриминација во земјава, несреќно наметнат со Охридскиот договор?!?
Или ли разбирање Али Ахмети да прифати целосна фискална децентрализација на сите општини?!?
Има ли дозвола Али Ахмети да прифати промена на Устав, со цел забрана за постоење на етнички партии?!? Нема веќе политички партии со етнички предзнак, нема веќе албански, турски, српски или македонски политички партии, туку само граѓански партии!
Има ли разум Али Ахмети да прифати една изборна единица, а секој носител да биде претендент за иден премиер?!? Па оној кој добие највеќе гласови, тој ќе формира Влада! Ако е Албанец носител на листа, секако тој ќе биде премиерот… исто и ако е Турчин, Србин или било што, по етничка определба!
Албанец може да биде премиер на Македонија, но прво да ја добие довербата од сите граѓани и од оние во Штип и Струмица! Не може со програма само за Тетово и Гостивар, да се бара премиерски мандат! Тој треба да претендира да биде премиер на сите граѓани, а не само на Албанците!
Нас ни треба систем во кој најдобриот меѓу нас ќе биде премиер, а не по основ на политичка трговија или етнички клуч! Тој што претендира да биде премиер ќе им се обрати на сите граѓани, а не само на Македонците или на Албанците!
После вакви уставни предуслови, секој може да биде премиер, без разлика кој етнички, религиски или партиски идентитет го носи во себе!
ДУИ нема искрени намери!
Промовира етнички концепт за ротација на функции!
Тоа е апсолутно неприфатливо!
Пишува: Петар Богојески