Во неделата на 17.05.2020 год во прилепската фабрика Витаминка фатена на дело е петчлена група која во повеќе наврати изнесувала готови производи.

Групата била сочинета од вработени во фабриката и блиски луѓе на сопственикот Сашо Наумовски.

Сторителите се приведени на распит во полициската станица во Прилеп, по што е покрената и кривична пријава против сторителите.

Утврдена е штета од 220.000 денари.