Пред околу 20 минути дошло до физичка пресметка на Зоран Кичеец, Јетон Жила заедно со околу десетина други лица од една страна и Сашо Мијалков заедно со своето обезбедување од друга страна.

Според информации до кои дојдовме Сашо Мијалков на безбедносните камери ја видел групата која влегува во хотелот “Мериот” при што слегол долу и му кажал на Кичеец дека не е пожелен гостин, Кичеец му префрлил неколку зборови на Мијалков.

Поранешниот директор на ДБК, Мијалков со тупаница го удрил Кичеец и му го раскрварил носот по што групата на Кичеец почнала физички да се пресметува со обезбедувањето на Мијалков.