До нашата редакција пристигна писмо за партизацијата на полицијата за време на министерувањето на отсјајниот министер Наќе Чулев.

Според писмото станува за припадници на МВР кои што, пред се незаконски се унапредени од страна на Наќе Чулев.

Седум од девет се префрлени во Интервентна полиција, без запазување на процедурите и односно скалилата за унапредувањето.

Лицата од фотографиите се од таканаречената “Бригадата на ВМРО-ДПМНЕ’ за која што задолжен бил членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Останува да видиме дали по заминувањето на Чулев од МВР ќе биде поведена дисциплинска постапка, и испитано унапредувањето на истите.

Според наши информации овие припадници на МВР, работеле партиски задачи во работно време.

Дополнително нивна задача било да креираат и “бот профили” со кои ќе пишуваат и споделуваат лажни вести и измислици против неистомислениците на моменталното раководство на ВМРО-ДПМНЕ како што се Сашо Мијалков и останати членови на партијата кои не се сложуваат со политиките на Мицкоски.