Демократскиот сојуз во врска со актуелните состојби предизвикани од пандемијата предлага укинување на следните мерки:

Прво, да се укине полицискиот час со што ќе се овозможи на граѓаните да го нормализираат животот, пред се поврзан со извршување на секојдневните фамилијарни и работни обврски.

Второ, да се нормализира работата на здравствените установи, посебно од терцијалната заштита (клиники, институти и сл.), затоа што десетици илјади хронично болни се без соодветна здравствена заштита.

Трето, да се нормализираат спортските и културите активности согласно протоколите за социјална дистанца и другите заштитни мерки.

Долготрајните рестриктивни мерки со кои се ограничува движењето го нарушуваат физичкото и менталното здравје на граѓаните и го намалуваат имунитетот.

Четврто, да се нормализира работата на хотелите, рестораните, кафетериите и другите угостителски објекти, согласно препораките на здравствените власти.

Демократскиот сојуз и натаму ги повикува граѓаните за целосно почитување на мерките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширење на пандемијата предизвикана од Корона вирусот Ковид-19, но апелира до здравствените власти, мерките што ги предлагаат да бидат растеретени од било какво политичко влијание, туку да бидат донесени само врз основа на реални факти и податоци и експертски анализи и проценки.