Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност- СВР Скопје вчера (25.04.2020), по претходно издадена судска наредба, извршија претрес во куќа во која престојува Д.Д. (30) при што се пронајдени 33 полиетиленски кеси во кои имало хероин и две дигитални ваги. Според првичната проценка запленети се околу 2,2 килограми хероин, но точната количина ќе биде позната по извршената анализа и мерење, по што ќе биде поднесена и соодветна пријава до јавното обвинителство.

Во друг случај, вчера (25.04.2020) околу 10 часот во село Трубарево-скопско, полициски службеници забележале возило „пасат“ со скопски регистерски таблици и две лица, кои влегле во возилото и се дале во бегство кон рампа Хиподром, при што удриле во вагон од воз кој сообраќал по железничката пруга. Лицето кое било на совозачкото место се дало во бегство, а возачот додека излегувал од возилото фрлил една кеса и едно пакување со 112 таблети екста