Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денес оствари работна посета на општина Арачиново каде со градоначалничката, Миликие Халими, разговараше за инфраструктураните проекти што се реализираат во општината како со поддршка од централната власт, така и проектите што ги реализира општината.
Сугарески упати апел до сите општини кои имаат на располагање средства од заемот од Европската инвестициона банка да достават ревидирани проекти до министерството за да може да ги искористат тие пари со кои сметаме дека се од огромно значење за подобрување на условите на живот на граѓаните.
Во изминатиот период Сугарески посети на голем број на општини каде што беа детектирарани исти проблеми, а тоа е немање на доволно финаниски средства во општинските буџети за надминување на лошата состојба со локалните патишта.
За таа цел Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе инвестира 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините.