Португалскиот интернационалец во тимот на Лацио, Нани, се степал со незадоволни навивачи на Лацио, во авион додека се враќале во Рим од гостувањето кај Калјари, објавија италијанските медиуми.
Информациите се дека авионот доцнел 20-ина минути, а причината е физичката пресметка меѓу неколкумина навивачи кои му дофрлувале вулгарни зборови на Нани и португалскиот фудбалер кој бил испровоциран.
Ситуација се смирила по интервенцијата на неколку членови од екипажот.
По слетувањето во Рим, навивачите на Лацио биле задржани некое време додека фудбалерите не си заминат од аеродромот.
Лацио ремизира со Каљари 2:2, по што конкурентите за 4.место кое обезбедува учество во Лигата на шампионите му се доближија на еден, односно шест бода.