Општина Штип преку јавното претпријатие „Стипион 2011“ започна со реконструкција на пешачка површина во населбата Сењак на улицата „Џемал Бједиќ“ во близина на основното училиште „Димитар Влахов“.

Се работи за дотраен тротоар кадешто секојдневно минуваат граѓани и деца кои го посетуваат основното училиште „Димитар Влахов“.

„Ќе биде реконструирана над 330 метри квадратни пешачка површина по должина на улицата Џемал Бједиќ кај основното училиште со над 550.000 денари инвестиција.

Оваа пешачка површина е многу фреквентна бидејки населбата Сењак е многу голема населба и овде во близина има основно училиште,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Општина Штип ќе продолжи со уредување на овој дел од населбата, ќе се направи плато за граѓаните и ќе се уреди овој дел од улицата Џемал Бједиќ.