ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше уште една целосно промашена операција и неуспешен обид да наштети на демократските политики на СДСМ и Зоран Заев, овојпат преку нелегални снимки.
Ние од СДСМ и утрово сме изненадени од степенот на бунило во ВМРО-ДПМНЕ. Дали воопшто некој таму ги преслушал разговорите пред да ги објават?
Ако навистина ги слушнале и ако не биле во бунило, ќе им станело јасно дека објавената содржина не е ништо друго освен потврда на јавните и познати политики на Зоран Заев.
Во аудио разговорите, претседателот Заев јасно и недвосмислено зборува дека е уверен во победата на изборите и дека волјата на граѓаните е неприкосновена, дека граѓанските организации се многу поблиску до демократските отколку до режимските политики, дека нема никаква поврзаност со спомнатиот Чауш и дека бомбите се предадени на СЈО и само на СЈО и дека следува расчистување со криминалот.
Очигледно е дека внатрешните поделби во ВМРО-ДПМНЕ одат во корист и за јавна афирмација на добрите политики на Зоран Заев.